Високите критериуми ги елиминираат домашните компании

Bez autora
Sep 13 2011

Синдикатот за градежништво и проектирање (СГИП) вчера побара да се преиспитаат условите од тендерот за изградба на автопатската делница Демир Капија - Смоквица, бидејќи, како што тврдат, биле дискриминирачки за македонските градежни компании. Од Синдикатот укажуваат дека домашните фирми воопшто не можат да учествуваат на тендерот поради неисполнување на условите за проектна реализација од 250 милиони евра и обрт на средства од 150 милиони евра во последните три години. Тоа, според претседателот на СГИП, Павел Трендафилов, е нелогично во услови на пазарна економија и од старт ги елиминира домашните фирми. ЕБРД, ЕИБ заедно со ЕУ кои ќе го финансираат проектот Демир Капија - Смоквица повторно воведува услови како во случајот со Злетовица од 2006. И тогаш и сега се воведуваат клаузули во самата тендерска документација со кои ниту една домашна компанија нема можности да влезе ниту во претквалификациска фаза.

Високите критериуми ги елиминираат домашните компанииСиндикатот за градежништво и проектирање (СГИП) вчера побара да се преиспитаат условите од тендерот за изградба на автопатската делница Демир Капија - Смоквица, бидејќи, како што тврдат, биле дискриминирачки за македонските градежни компании.

Од Синдикатот укажуваат дека домашните фирми воопшто не можат да учествуваат на тендерот поради неисполнување на условите за проектна реализација од 250 милиони евра и обрт на средства од 150 милиони евра во последните три години. Тоа, според претседателот на СГИП, Павел Трендафилов, е нелогично во услови на пазарна економија и од старт ги елиминира домашните фирми.

- ЕБРД, ЕИБ заедно со ЕУ кои ќе го финансираат проектот Демир Капија - Смоквица повторно воведува услови како во случајот со Злетовица од 2006. И тогаш и сега се воведуваат клаузули во самата тендерска документација со кои ниту една домашна компанија нема можности да влезе ниту во претквалификациска фаза - рече Трендафилов.

Тендерот беше распишан на 31 август, а ќе трае до 6 декември годинава. На 20-ти наредниот месец во Министерството за финансии треба да има договорен состанок со сите заинтересирани компании за тендерот.

- Апелираме Владата сериозно да размисли дека мора да изврши голем притисок да се вратат во игра нашите компании бидејќи таа е побарувач на оваа јавна набавка од меѓународните финансиски институции - наведе Трендафилов.

Според него, на барање на СГИП веќе е прифатен условот на тендерот за главен изведувач да се избере компанија која ќе изведува најмалку 70 проценти од вкупната вредност на објектот, но прашање е како тоа ќе се спроведе во пракса ако за изградбата на автопатот се ангажира странска компанија.

- Како таа ќе донесе механизација и човечки ресурси и финансиски ќе го покрие тоа бидејќи ќе треба ангажман на околу 2.000 работници. Изгледа дека овој тендер е за одредена надворешна компанија што е поразително. Тогаш губиме сите, не само компании и вработените, туку и државата за што ќе изготвиме анализа - рече Трендафилов.

И покрај апелите од ЕУ за справување со корупцијата, додаде тој, со сегашните услови на тендерот се отвора можност работата да ја добие човек-фирма, кој ќе вработува работници на црно и ќе ги избегнува давачките и обврските кон државата.

- Да не се повтори примерот со договорот што беше склучен со словенечка "Алпине" за изградба на автопатот Табановце - Куманово, а која за сите работи ги ангажираше "Маврово инжинеринг", а имаше проблеми со исплатата на платите. "Терна", пак, на обиколницата, ја доби работата со пет работници, еден камион и еден багер, а целата работа потоа ја заврши "Бетон" - укажа Трендафилов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik